Бугарија го укина карантинот за граѓаните од ЕУ, Србија и Северна Македонија

За државјани на 9 европски земји останува задолжителниот карантин од 14 дена.

Директорите на регионалните здравствени инспекторати ја укинаа наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Република Бугарија во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година, а се од земјите членки на Европската унија, од Србија и Северна Македонија.

Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за карантинот не е контакт со лице заразено со Ковид-19, се наведува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев, пренесува БГНЕС.

За сите лица кои во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година влегле на територијата на Република Бугарија од Кралството Шведска, Велика Британија, Северна Ирска, Кралството Белгија, Република Ирска, Република Португалија, Кралството Шпанија , Република Малта и Италија, останува да важи мерката карантин.

Сите лица што влегуваат во Бугарија од овие земји, како и од сите трети земји, со исклучок на Србија и Северна Македонија, ќе бидат ставени во карантин за период од 14 дена во домот или друго сместување каде што лицето ќе посочи дека ќе престојува, со налог издаден од директорот на релевантниот регионален здравствен инспекторат или службено лице овластено од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот