Бугарија го стопира украинското жито до крајот на годинава

unsplash
Жито/ Фото: МИА

Бугарија, заедно со Полска, Унгарија и Романија, кои добија дозвола од Европската унија да го забрани увозот на украинско жито, побараа продолжување на ограничувањето до крајот на годината, објави бриселското електронско издание Еуроактив. На состанокот на Советот на ЕУ за земјоделство и рибарство во Брисел, бугарскиот заменик министер за земјоделство, Георги Сабев, вчера изјави дека треба да се бараат долгорочни решенија за европските производители.

Минатиот месец четирите земји кои страдаа од евтиниот украински увоз се договорија со Европската комисија да го забранат увозот на украинска пченка, пченица, семе од репка и сончоглед до 5 јуни.

Тие од европскиот буџет добија 156 милиони евра (26 милиони за Бугарија) како компензација за непродаденото производство на земјоделците. ЕУ претходно го либерализираше целиот увоз од Украина за да им помогне на напорите на Киев да ја одбие руската инвазија. Петте земји станаа транзитни патишта за украинското жито што не можеше да се извезе преку пристаништата на Црното Море поради војната.

„За Бугарија од суштинско значење е да се гарантира транзитната функција на коридорите на солидарност кон другите земји-членки и трети земји. За да се обезбеди стабилност на пазарот, важно е мерката да биде продолжена и по 5 јуни. Од клучно значење е Европската комисија да продолжи да го следи увозот на други чувствителни земјоделско-прехранбени производи од Украина и брзо да се спроведат превентивни мерки доколку е потребно“, рече Георги Сабев, објави „Сегабгњус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот