Бугарија ги отвора училиштата, Борисов најави повисоки плати за наставниците

Бугарија денеска ги отвора вратите на училиштата, откако тие беа затворени по прогласувањето на пандемијата со коронавирусот. Премиерот Бојко Борисов, преку фејсбук на учениците им го честиташе првиот училишен ден и најави повисоки плати за наставниците.
„Среќен прв ден на училиште! На сите деца, нивните родители и наставници им посакувам здравје, успех и мирни денови! Во услови на коронавирус, верувам дека проблемите ќе ги решиме заедно, барајќи најдобри решенија.
Не можам, а да не забележам дека бугарскиот образовен систем се справувал на достоинствен начин во услови на епидемија. Воведувањето на учење од далечина сигурно не беше лесно, но најважно, учебната година и испитите  беа успешно завршени. Наставници и ученици, директори и родители – сите учествуваа во процесот и докажаа дека кога работат заедно, успехот е загарантиран. Оваа претстојна учебна година сигурно ќе има уште многу предизвици, но сигурен сум дека ќе се најдат најдобрите решенија. За нас здравјето на децата и нивните најблиски останува најважно и ќе најдеме начин децата да бидат во нивната природна средина – на училиште, заедно со нивните наставници и пријатели. За прв пат по половина година децата ќе ги посетат училиштата. Сега сите треба да внимаваат и да ги следат препораките на епидемиолозите.. Тие се важни и не треба да се игнорираат. Вирусот е сеуште меѓу нас.
Продолжуваме со политиката на зголемување на платите на наставниците. И во новата година растот ќе биде над 15 %. Вака ќе ги исполниме целите поставени на почетокот за двојно зголемување на платите на наставниците за 4 години. Наставниците заслужуваат уште повеќе и нема да престанеме да правиме напори во таа насока. Убеден сум дека најголема гаранција за просперитет на Бугарија на долг рок е образованието и инвестицијата во Бугарија! Со среќа на сите!“, напиша Борисов на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот