Бугарија ги отвора образовните центри, училиштата, рестораните и казината

Во Бугарија денеска повторно се отвораат приватните образовни центри и училишта, рестораните и казината, согласно наредбата на бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов, со која се очекува да се олеснат голем број анти-епидемиски мерки, јави БГНЕС.

Дозволени се и туристичките патувања во земјата,

Објекти за јадење и забава, обложувалниците и казината можат да примат клиентите до 50 проценти од нивниот капацитет, ќе можат да работат до 23 часот, а на една маса ќе можат да седат до шест лица. Персоналот во објектите мора да носи заштитни маски, а во објектите со апарати за коцкање и посетителите мора да носат маски.

Од денеска е дозволено да се одржуваат и часови со физичко присуство во училиштата за ученици со сензорна попреченост, со почитување на анти-епидемиските мерки.

Дозволено е да се одржуваат и групни часови во центри за странски јазици, едукативни центри и други центри за обука и училишта организирани од правни и физички лица. Условот е да се почитува физичко растојание од 1,5 метар, да се носи заштитна маска за лице, да се проветрува на секој час и да се прави дезинфекција.

Со физичко присуство повторно почнуваат и групните и воннаставните активности, активности по интереси, занимални и други активности организирани во училишна и воннаставна средина.

Дозволени се и изложби доколку се организира еднонасочно движење и одржување на физичко растојание од 1,5 метар меѓу посетителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот