Бугарија доби техничка влада: Стефан Јанев назначен за премиер

Парламентот во Бугарија/фото: МИА

Денес во Бугарија стапува на должност привремената влада. Стефан Јанев, блискиот советник за безбедност и одбрана на шефот на државата Румен Радев, е назначен за премиер.  

Иако привремената Влада ќе биде со краток рок траење од два месеца, неодамна Радев изјави дека овој состав ќе има тешка задача и голема одговорност до следните избори кои ќе се одржат на 11 јули.

„61-годишниот Јанев беше заменик-премиер и министер за одбрана во претходната привремена влада. Тој ќе има задача да управува со пандемијата на коронавирусот и да обезбеди фер избори“, рече Радев. 

Румен Радев меѓу другите го именуваше и бугарскиот амбасадор во Данска, Светлан Стоев, на местото на Захариева, како министер за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот