Бугарија: Борисов ја прифати оставката на притворениот министер Димов

Нено Димов ја помина ноќта во притвор, каде бил испрашуван од полицијата за рестрикциите на вода во градот Перник и за нерегуларности при увоз на отпад.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја прифати оставката од министерот за заштита на животна средина Нено Димов. Таа била испратена во канцеларијата на премиерот, информираше Советот на министри, а пренесе „Новините“.

Претходно денес, беше свикан итен состнок меѓу премиерот Бојко Борисов и колицискиот партнер во владата и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, каде било разговарано за одлуката.

Нено Димов ја помина ноќта во притвор, каде бил испрашуван од полицијата за рестрикциите на вода во градот Перник и за нерегуларности при увоз на отпад.

Се разгледуваат документи поврзани со лиценци за компании кои имаат право да увезуваат отпад во Бугарија, а останува непознато дали тој ќе биде обвинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот