Буфон не размислува за пензија, потпиша нов договор со Јувентус

juventus.com

Легендарниот Џанлуиџи Буфон се договори со „старата дама“ да биде дел од екипата и наредната сезона.

Според „Тутоспорт“, 43-годишниот голман уште минатата недела со претседателот Андреа Ањели се договорил за ново едногодишно продолжување на договорот.

Буфон кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, веднаш ќе го потпише договорот со Јувентус, а кој е идентичен како актуелниот.

Медиумите во Италија објавуваат дека Буфон не размислува за пензија и со Ањели се договориле и наредното лето да седнат и повторно да разговараат дали легендарниот голман ќе продолжи да брани или ќе замине во пензија и ќе добие директорска функција во Јувентус.

Џанлуиџи Буфон, оваа сезона е резерва на Војчех Шчесни, но одигра седум натпревари во Серија А и уште четири во Купот на Италија и Лигата на шампионите на кои прими девет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот