Буфон не размислува за крај на кариерата, ќе ја прифати најлудата понуда
Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон вчера најверојатно го одигра последниот натпревар за Јувентус кој во финалето на Купот на Италија со 2:1 ја совлада Аталанта.
Иако со триумфот во Купот, Јувентус го поправи впечатокот од разочарувачката сезона, но главна ѕвезда во прославата беше токму Буфон кој на крајот од сезоната си заминува од тимот во кој го помина најголемиот дел од кариерата.
Легендарниот голман има 43 години и нема намера да замине во пензија, напротив сака да брани најмалку уште една сезона.
– Горд сум на ваквиот крај. Јувем навивачите, претседателот, соиграчите и тренерот засекогаш ќе бидат дел од мојот живот – изјави Буфон.
Италијанецот е свесен дека му се ближи крајот на кариерата, но сè уште има заинтересирани екипи за него.
– Сите работи имаат свој крај. Имам 43 години и морам да одлучам. Имав многу понуди, таа која ќе биде најлуда и најпредизвикувачка, неа ќе ја прифатам. Добив понуда од човек кој ќе ме претекне во лудилото, ги сакам таквите луѓе. Морам да се борам, да се грижам за своето тело и енергијата. Можам а и за застанам но доколку се најде некој полуд од мене и смисли нешто лудо, јас ќе го следам – вели Буфон.