Буфон не планира да се пензионира ова лето

фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Голманот на Јувентус, 43-годишниот Џанлиуџи Буфон откри дека планира да се пензионира најдоцна до јуни 2023 година, но не ја исклучува можноста и порани да стави крај на активната кариера.

Неговиот договор со „старата дама“ истекува на крајот од оваа сезона, но се очекува соработката да биде продолжена и тоа најверојатно за уште една година.

– Видете, во мојата глава навистина постои знак за стоп, рампата и е јуни 2023 година. Тоа е максимумот. Но, би можел да прекинам и за четири натпревари – изјави Буфон во интервју за британски „Гардијан“.

Џанлуиџии Буфон професионалната кариера ја започна 1995 година во дресот на Парма, по што во 2001 година се сели во Јувентус. Една сезона бранеше и за ПСЖ, по што повторно се врати во редовите на „старата дама“. Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, во 2006 година беше светски шампион со Италија, а има десет титули во Серија А, сите со Јувентус.
Тој претходно најави дека во 2018 година ќе се пензионира, но наместо да оди во пензија, Буфон тогаш потпиша едногодишен договор за ПСЖ по што повторно се врати во Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот