Буфон му кажа збогум на Јувентус

фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон потврди дека си заминува од Јувентус на крајот од сезоната.

Буфон минатата сезона се врати во Јувентус по неславната епизода во ПСЖ и се надеваше дека со Кристијано Роналдо во тимот ќе успее да дојде до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите, но како што стојат работите, еден од најдобрите голмани во историјата никогаш нема да го освои „клемпавкото“.
Неговиот последен настап за Јувентус ќе биде во финалето на Италијанскиот куп против Аталанта.
– Донесов одлука, го напуштам Јувентус на крајот од сезоната. Нема да го продолжам договорот – изјави Буфон.

Буфон во Јувентус дојде во 2001 година и бранеше се до 2018 година, а потоа бранеше една сезона за ПСЖ по што во 2019 година повторно се врати во Торино како замена за Војчех Шчешни.
Со Јувентус, Буфон освои дури 10 титули во Серија А, има четири титули во Купот на Италија, шест пати триумфира во Суперкупот на Италија, но дури три пати губеше во финалињата во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот