Буфон му донесе победа на Јувентус во „Дербито на Италија“ (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион Јувентус по подобро изведување на пенали успеа да го довлада Интер откако во регуларното време беше 1:1. Во пенал серијата брилјираше повратникот во Јувентус, Џанлуиџи Буфон кој одбрани дури три пенали за триумф на неговиот тим од 4:3.

Интер поведе во 10. минута со автоголот на Матијс де Лихт на кого ова му беше дебитантски настап во дресот на Јувентус.

„Старата дама“ сепак успеа да израмни и тоа во 68. минута со голот на Кристијано Роналдо од слободен удар.

Во пенал серијата, Буфон покажа дека се уште е еден од најдобрите голмани на денешницата, бранејќи дури три удари на противничките фудбалери со што е најзаслужен за триумфот на неговиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот