Буфон е новиот рекордер во италијанската Серија А

Чуварот на мрежата на „Старата дама“ досега беше на делба на првото место со екс играчот на Милан, Паоло Малдини.

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон денеска го надмина рекордот поради кој минатото лето и се врати во италијанскиот фудбал.

Џиџи Буфон застана на голот против Торино и тоа му е 648 натпревар во Серија А.

До овој рекорд дојде со своите 42 години, пет месеци и шест дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот