Буџетскиот онлајн прашалник на Општина Карпош го пополнија 806 граѓани

Стефан Богоев / Фото: Општина Карпош

Општина Карпош трета година по ред организира онлајн прашалник за креирање на Буџетот за 2021 година, а оваа година го пополнија 806 граѓани од сите урбани заедници.

-Сите проблеми, забелешки и идеи кои беа посочени од граѓаните се дистрибуирани до соодветните одделенија и сектори при општината. Во процесот на креирање на буџетските програми, секоја од забелелешките ќе биде разгледана и согласно можностите и надлежноста ќе се интегрира во новиот Буџет на локалната самоуправа за 2021 година, информираат од општината.

Како најактивни во пополнување на анкетниот прашалник биле граѓаните од Тафталиџе, Карпош 4, Карпош 1 и Карпош 2, а најистакнати предлози се на темите инфраструктура, екологија и урбанизам.

Минатата година анкетниот прашалник го пополниле 504 граѓани, додека оваа година постои забележителен раст од 806 граѓани.

Во тек е изработка на теренска анкета,на репрезентативен примерок од најмалку 1.000 граѓани, која исто така ќе помогне во подготовката на новиот буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот