Буџетот за ретки болести за 2020 година изнесува 527 милиони долари

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Министерството за здравство денеска соопшти дека со Програмата се обезбедува стандард на лекување на лицата со ретки болести, сличен на стандардот на лекување на другите болести во здравствениот систем, согласно со светските нормативи за лекување и обезбедениот буџет наменет за ретките болести.

Програмата за лекување на ретки болести за 2020 година е објавена во Службен весник. Буџетот за ретките болести за 2020 година изнесува 527 милиони денари.

Министерството за здравство денеска соопшти дека со Програмата се обезбедува стандард на лекување на лицата со ретки болести, сличен на стандардот на лекување на другите болести во здравствениот систем, согласно со светските нормативи за лекување и обезбедениот буџет наменет за ретките болести.

– За две години воведени се шест нови лекови, меѓу кои лек за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, лек за апластична анемија, спинална мускулна атрофија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше, како и лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза, нагласуваат од Министерство за здравство.

Оттаму посочуваат дека првпат, во 2018 година се воспостави електронски регистар за ретки болести, кој ги содржи сите основни информации за пациентите со ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот