Буџетот за 2020 година на владина седница

На дневниот ред на денешната редовна 163-та седница на Владата на Република Северна Македонија е ставен на усвојување Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година и Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

На оваа седница, како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, ќе биде разгледана и информацијата со Предлог одлука за купување и адаптација на простор во новото седиште на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Република Северна Македонија при Алијансата.

На предлог на Министерството за здравство денеска ќе биде презентирана и информацијата за потребата од набавка и инсталација на медицинска опрема и медицински и немедицински инвентар за потребите на јавните здравствени установи во Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот