Буџетот на ЕУ за 2021 фокусиран на европското опоравување, средства се предвидуваат и за Западен Балкан

Буџетот за 2021 година како што се истакнува, е во потполност согласно посветеноста на ЕУ во иднина да инвестира во „зелена, дигитална и поотпорна Европа“.

Европската комисија го предложи буџетот на Европската унија за 2021 година во висина од 166,7 милијарди евра. Во него, меѓу другото, предвидено е и издвојување од 1,9 милијарди евра за претпристапна помош, за поддршка на соседите на ЕУ, вклучително и Западен Балкан.

Буџетот би бил надополнет со 211 милијарди евра неповратни средства или околу 133 милијарди наменети за позајмици од новиот, привремен инструмент за опоравување наречен „Следна генерација ЕУ“. Од овој фонд ќе се обезбеди поддршка за европската економија загрозена од пандемијата која ја предизвика корона вирусот.

Како што наведе ЕК, годишниот буџет и привремениот инструмент ќе мобилизираат значајни инвестиции во борбата против економските и социјалните штети, за покренување одржливо опоравување како и за заштита и отворање нови работни места.

Буџетот за 2021 година како што се истакнува, е во потполност согласно посветеноста на ЕУ во иднина да инвестира во „зелена, дигитална и поотпорна Европа“.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот