„Будење на свеста” од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ ќе го освојува светот

Книгата „Будење на свеста“ од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ, ќе биде дел од годинашниот 71 Саем на книгата во Франкфурт, кој се одржува од 16 до 20 октомври. Овој саем се смета за најпрестижен светски книжевен настан на годината.

На Сaемот на книгата во Франкфурт, Катерина и Радован ќе ја промовираат својата книга на англиски јазик под наслов „Awakening Consciousness“, издадена од издавачката куќа „Паблишер“. Посетителите на саемот ќе имаат можност лично да се запознаат со авторите, и да остварат средби и соработка.

Инаку, книгата беше објавена на почетокот на оваа година, и достигна голем интерес кај македонската публика, а до сега се продадени над 2.000 книги.

-Книгата „Будење на свеста“ е водич за лична и колективна преобразба. Авантура испреплетена со универзални знаења кои ќе ви овозможат да се спознаете себеси вистински, да се разбудите и свесно да креирате. Секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето, велат Катерина и Радован.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот