Бучковски: Заев не е наивен, се обиде со својот капацитет да покрие дел од слабостите од првиот круг

Владо Бучковски во гостување на ТВ21 / 3 ноември 2021 / фото: ТВ21

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Владо Бучковски, вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 посочи дека актуелниот премиер Зоран Заев се обидел да ја спаси ситуацијата за неговата партија и коалиција меѓу двата изборни круга.

Тој додава дека премиерот се обидел со својот капацитет, односно политички габарит, да покрие дел од слабостите кои биле евидентни во првиот круг од локалните избори.

„Резултатите од првиот изборен круг, според мене, го одлучија и вториот изборен круг. Се приклучија кон победниците и дел од оние кои беа колебливи, а не се случи она што го посакуваше Заев СДСМ, поради големиот капацитет или коалициски потенцијал, дел од оние кои беа дел од владејачката коалиција настапија сами, со свои кандидати. Тука пред сѐ мислам на ЛДП и ДОМ, но и на дел од независните кандидати, кои произлегоа од коалицијата“, рече Бучковски.

Видео на денот