Бучковски: Судскиот совет е чудовиште!

„Во 2005 тата кога го формиравме судскиот совет ваков каков што е сега и го напуштивме изборот на судиите во Парламентот сакајќи да ја загарантираме независноста, се покажа дека тоа што функционира во Бугарија или Романија, кај нас не профункционира. Ние направивме чудовиште. Судскиот совет е чудовиште. Судскиот совет досега можеше да ги елиминира сите оние судии кои испорачуваат „нарачани“ пресуди“, вели за Слободен печат професорот и поранешен премиер Владо Бучковски.

Според него Власта пропушти шанса на почетокот од мандатот пред две и пол години да го оствари своето ветување за генерален реизбор на судиите.

„Системот кој го воспостави во правосудството министерот за неправда Маневски, требаше да се демонтира- веднаш. Сега ова може да биде само предизборен фолклор. Веќе нема време за ветинг. Ветинг ќе има ако победи оваа колаиција предводена од СДСМ заедно со ДУИ, бидејќи за воља на вистината ДУИ под импресија на она што се случуваше во Албанија, први пред една година проговорија за ветинг“.

Од друга страна мислам она што треба да се искористи како позитивно искуство е ветингот во полицијата кој веќе почна. Но до изборите јас не очекувам ништо спектакуларно да имаме.

Од моментот кога ги имаа сите алатки, имаат независна власт, го имаат Судскиот совет каде доминираат судиите и имаат доживотен мандат, мораше да покажат интегритет и да одолеат на притисоците на политичарите на разни лоби групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот