Бучковски: Со мојот случај може да започне ветингот

Бевме пред победа, зашто докажавме дека нема кривично дело и не е направена штета, рече поранешниот премиер и лидер на СДСМ Владо Бучковски, после последното рочиште во предметот „Тенковски делови“, на кое се потврди одлуката за застарување на делото откако претходно обвинителството го преквалификуваше.

И останатите обвинети во случајот Методија Стамболиски, Нелко Менкиновски, Митре Петковски, Ацо Ѓурчиновски изразија револт што обвинителството го преквалификувало делото и им ја одзела можноста за морална сатисфакција односно ослободителна пресуда. Велат и Апелација и Врховниот суд констатирале дека не постои дело ниту нанесена штета со умисла и дека набавката на тенковските делови била потребна.

-Оние кои го нарачаа делото најдоа свои соработници во обвинителството и во судството и за тоа дебело ги наградија. Значи, во 2008 година почна да гради кариера тогашната судијка Вангелина Маркудова, по нарачаната пресуда се вивна во метеорите и стана судија во Уставниот суд. Обвинителот кој тогаш беше непознат за пошироката јавност, Петар Аневски, како „награда“ за сработеното стана претседател на Советот на јавни обвинители – рече Бучковски, кој истакна дека оваа победа е против поранешниот министер за правда Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена Маневска.

Тој порача дека преку неговиот случај може да профункционира таканаречениот ветинг, односно, како што рече, да бидат исчситени 5 судии и 5 обвинители поради учество во монтиран процес.

Претходно, петтемина обвинети беа осудени со затворски казни за злоупотреби на службената должност и штета на државниот буџет од 2,5 милиони евра, а по одбивателната пресуда, судските трошоци ќе им ги плати државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот