Бучковски: Секој што посегнува по нашиот јазик е противник на зближувањето на Македонија и Бугарија

Секој што ќе се обиде да го загрози нашиот јазик и македонски идентитет, вклучително и во Бугарија, е противник на зближувањето меѓу нашите два братски народа“, вели поранешниот премиер Владо Бучковски во интервју на бугарската телевизија „Европа“, коментирајќи ги отворени прашања со Бугарија.

Посочувајќи го Договорот за добрососедство и пријателство, Бучковски вели дека е факт оти двете земји имаат заедничка историја, а во следниот период смета дека клучна улога ќе има експертската комисија на историчари, која ќе треба да утврдат кои се заеднички личности и настани во историјата на Бугарија и на Македонија.

Според Бучковски, двете земји постигнале значаен напредок во меѓусебните односи во последните години и Бугарија во моментов е прв сојузник на Македонија.

„Договорот со Бугарија го отвори патот за создавање на Преспанскиот договор. Со тој договор се дефинира македонскиот јазик и нација, се потврдува нашиот идентитет. Затоа, кога говориме за оваа конфузија која ја има во Македонија, мора да се има предвид дека документот кој пред десетина дена беше продуциран од Бугарија, како дополнување на одлуката за отворање на преговори со Македонија, создаде простор повторно да се повампират сите оние кои се, условно речено, противници на ова реално приближување кое е направено меѓу Бугарија и Македонија во последните три години“, вели Бучковски.

На прашањето дали во Македонија би ја прифатиле тезата дека некогаш сме биле еден народ, Бучковски вели дека оваа теза може да донесе повеќе штета отколку корист.

„Ако се тргне од Договорот за пријателство и добрососедство, ние формално прифаќаме дека имаме заедничка историја. Ова е неспорен факт. Но, тврдењето дека ние сме всушност еден народ во две држави, во овој момент, во Република Македонија, оваа теза би се направила повеќе штета отколку корист. Јас сум приврзаник на оние кои не се мнозинство. Тврдиме дека во моментот немаме поголем сојузник од Република Бугарија“, вели Бучковски.
Тој посочува дека историски, Србија и Грција отсекогаш се плашеле од зближување меѓу Софија и Скопје и предупредува дека „неопходна е посебна внимателност, затоа што во последните неколку месеци се отвори место за сите оние кои се исплашија од создавање на сојуз меѓу Македонија и Бугарија“.

„Историчарите да излезат од рамките на она што беше во времето на комунизмот. Мора да побегнеме од нешто што не оддалечуваше. Затоа сум убеден дека дебатата што се отвора во македонското општество треба да даде јасен правец во кои насоки треба да се движи работата на комисијата“, вели Бучковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот