Бучковски: Нити сум нечиј ас скриен во ракавот, ниту сум пак нечиј џокер

Јас не сум чудотворец. Од друга страна, нити сум нечиј ас скриен во ракавот, ниту сум пак нечиј џокер. Јас сум Владо Бучковски, поранешниот премиер, кој во изминатите петнаесет години изгради доверба во бугарското општество, вели во интервјуто за Гласот на Америка новоименуваниот претставник на Владата за Бугарија.

-Верувам дека тоа ќе биде додадена вредност во напорите кои ги прави нашата Влада, да успееме да најдеме решение во духот на европските вредности. Бидејќи јас сум специјален претставник на Владата, првата средба ќе ја координираме со Владата. Во секој случај ќе направиме се во пресрет на Советот на министри на ЕУ, на деветти декември, да направиме дополнителни напори, да изнајдеме решение. Но ако не најдеме решение, тоа ќе биде дополнителен мотив за нас, да продолжиме да го градиме пријателството и соработката во духот на европските вредности, вели Бучковски.

На прашањето за тоа кои би биле нашите црвени линии Бучковски вели дека веќе се ние имаме разговарано за црвените линии и дека за нас е битно да влеземе во ЕУ, врз основа на она што е препознатливо за нас Македонците. Тоа е нашиот јазик, културата, нашиот идентитет.

– За нашите црвени линии говореше и претседателот на Владата и министерот за надворешни работи и други членови на Владата. Ние сакаме да влеземе во ЕУ, врз основа на она што е препознатливо за нас Македонците. Тоа е нашиот јазик, културата, нашиот идентитет. И мислам дека нашите пријатели од Софија тоа го разбираат, вели Бучковски.

Владата на денешната седница го назначи Бучковски за специјален претставник на нашата земја за Бугарија. Целта, како што велат, е успешно да се затворат отворените прашања со оваа соседна земја.

-Именувањето е со мандат од една година, а целта да се назначи специјален претставник е да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство- стои во соопштението од Владата.

Бучковски ќе има мандат од една година за да ги затвори отворените прашања со Бугарија

На оваа одлука на владата реагираше лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој вели дека луѓето со “лепливи прсти”, нема да го решат проблемот со Бугарија.

-Овие двајца луѓе се познати само по продавање, и тоа за жал по евтино продавање- стои во неговата објава на Фејсбук.

Мицкоски: Тешко на Македонија ако решението се „тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот