Бучковски ќе има мандат од една година за да ги затвори отворените прашања со Бугарија

Владо Бучковски / Фото: Архива на Слободен печат

Владата и преку официјално соопштение посочија дека поранешниот премиер Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на нашата земја за Бугарија. Целта, како што велат, е успешно да се затворат отворените прашања со оваа соседна земја.

-Именувањето е со мандат од една година, а целта да се назначи специјален претставник е да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство- стои во соопштението од Владата.

Бучковски: Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности

Поранешниот премиер и министер за одбрана, како и некогашен лидер на СДСМ, во последно време е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Северна Македонија.

Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот