Бучковски: Ако не се договориме со Бугарија додека Заев е премиер, влегуваме во нова неизвесност

Владо Бучковски/Фото: МИА

Специјалниот владин претставник во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски, смета дека мора да се искористи „прозорецот на можности“ декември – јануари за постигнување договор со Бугарија и старт на преговорите со Европската унија.

Тој во изјава за Дојче веле нагласува дека е можна нова неизвесност ако не се искористи периодот во кој заев е се уште на чело на владиниот кабинет.

„Ако не се договориме сега, додека Заев е премиер, ќе влеземе во нова неизвесност. Ќе изгубиме пак многу време, а ние веќе немаме време за чекање… предолго ја чекавме бугарија да има политичка влада. Премиерот Заев останува на позицијата за да го затвори овој процес на преговори со новиот бугарски премиер. Тоа е исклучително важно за утврдување на временската рамка за изнаоѓање на компромисно решение и кревање на блокадата од страна на Бугарија, потенцира Бучковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот