Бучавата од соседството му пречи на секој петти жител во ЕУ

На бучава двојно повеќе се жалат жителите во градовите, 24,1 процент, отколку жителите во руралните области.

Речиси една петтина од жителите на Европската унија – 18,3 проценти велат дека им пречи бучавата во соседството, објави Евростат.

На бучава двојно повеќе се жалат жителите во градовите, 24,1 процент, отколку жителите во руралните области, каде што бучавата му пречи на секој десетти жител, се наведува во анализата на податоците за 2018 година.

Според анкетата, бучавата најмногу им пречи на луѓето кои живеат сами – 21,8 отсто, како и на двојките кои немаат деца.

Најчесто на бучава се жалат Малтежаните – 28,2 проценти, потоа Германците и Холанѓаните, па следат Португалците, Романците, Британците, како и жителите на Кипар, Грција и Луксембург.

Најмалку реагираат на бучава жителите на Хрватска, Унгарија, Естонија, Ирска и Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот