Бубевски: Недозволиво е на Јанкулоска и понатаму да и се одложува издржувањето на казната

Заради правата на детето и на мајката, Врховниот суд донесе одлука со која издржувањето на затворската казна за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е одложено, но според обвинителот во СЈО Гаврил Бубевски, недозволиво е и понатаму да се одложува нејзиното извршување затоа што детето и наполнило една година.

– Сметам дека Законот за извршување на санкции е премногу јасен и му дава можност на судот додека детето наполни една година, заради првата на детето и мајката, да го одложи извршувањето на соодветната санкција. Денеска истекува рокот, детето полни една година, се над тоа е нешто што е недозволиво. Не сум ја видел одлуката на Врховен од кои причини се раководел, дали хуман аспект или нешто друго имал предвид. Но законот за извршување на санкции е така регулиран, нагласи обвинителот  Бубевски.

Тој додаде дека е симптоматично Врховен да го одложува извршувањето на казната само кога се работи за високи функционери, како што е Јанкулоска во случајов, но и како што беше случајот со Владо Бучковски во минатото.

Јанкулоска, која правосилно е осудена на четири години затвор во предметот „Тенк”,  требаше да се јави на издржување на казната на 1 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот