БСП би поддржала влада предводена од Слави Трифонов

БСП би ја поддржала владата на второпласираната партија на парламантерните избори во Бугарија, од неделата, на шоуменот Слави Трифонов – „Има таков народ”, во која би влегле и „Стани! Излези!” на поранешниот правобранител на земјата, Маја Манолова, и „Демократска Бугарија” на поранешниот министер за правда, Христо Иванов, изјави за Нова ТВ пратеникот на БСП, Христо Проданов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Проданов, доколку сите партии изјавија дека се „за” смена на владата на премиерот Борисов, тогаш може да се зборува за поддршка на владата со мандат на партијата „Има таков народ”.

Проданов ја потврди намерата на неговата партија да не ја поддржува владата на ГЕРБ во каква било форма. Според него, доколку е потребно, може да се оди и на нови избори во Бугарија.

Сите партии, со исклучок на „Демократска Бугарија” и „Има таков народ”, загубија на парламентарните избори во Бугарија.

Што се однесува до поддршката на БСП за претседателот Румен Радев за нов претседателски мандат на изборите на крајот на годината, Проданов кажа дека е речиси 99 отсто убеден дека членовите на БСП ќе ја поддржат сегашната претседателска двојка, бидејќи како што им се допаѓа работата на лидерката на БСП, Корнелија Нинова, така им се допаѓа и работата на Румен Радев и Илијана Јотова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот