Брзо возеле 130 лица, МВР казни вкупно 311 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 311 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 130 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 17, 49 санкционирани мотоциклисти и едно привремено одземено возило, 73 мерки за непрописно паркирани возила и 78 возила подигнати со пајак (вкупно 151), а изречени се и 15 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот