Брзо расте бројот на заразени од корона вирусот во Кина

Фото: Профимедиа

Кинеската национална здравствена комисија потврди дека новиот коронавирус, што предизвикува пневмонија, се пренесува од лице на лицe и дека на тој начин се заразени одредени припадници на медицинскиот персонал.

Според најновите податоци на кинеските медицински власти, досега се заразени 291 лице од новата форма на коронавирусот, од кои дури 270 се од провинцијата Хубеи.

Во оваа провинција најголемиот број на заразени доаѓаат од градот Вухан. Остантите случаи се регистрирани во Пекинг, Шангај и во провинцијата Гуангдонг, на југот од земјата, пренесоа британските медиуми, дообраснувајќи дека овие податоци се однесуваат заклучно со вчерашниот ден.

Од овој нов тип на коронавирус досега се починати шест лица.

Здравствената комисија во Вухан соопшти дека најмалку 15 медицински работници, исто така, се меѓу заразените со вирусот и дека едно лице се наоѓа во критична состојба, објави Би-Би-Си.

Претпоставка е дека тие се заразиле со контакти со пациентите.

Сите заразени лица се наоѓаат во изолација, наведуваат кинеските медиуми.

Истовремено, Си-Ен-Ен јавува дека американскиот Национален институт за здравје веќе работи на вакцината против коронавирусот.

Директорот на Институтот за алергија и инфективни болести Ентони Фаучи изјави дека ќе бидат потребни неколку месеци за да се заврши со првата фаза од клиничките тестирања и повеќе од една година за да се дојде до вакцината.

Кинеската национална здравствена комисија потврди дека новиот коронавирус, што предизвикува пневмонија, се пренесува од лице на лицe и дека на тој начин се заразени одредени припадници на медицинскиот персонал, пренесе агенцијата Ксинхуа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот