Брзиот воз стана болница: Вака Французите ги префрлаат заразените од коронавирус (ВИДЕО)

Фото: Profimedia

Дваесет пациенти во тешка состојба треба да се префрлат од Стразбур во болниците на западот во градовите Анже, Ле Ман, Нант и други.

Во Франција пред неколку дена почна првата организирана евакуација на пациенти заболени од коронавирусот со специјален медицински опремен брз воз ТГВ за посебно погодениот исток од земјата кон болниците на западот, јавуваат новинарите.

Францускиот министер за здравство Оливие Веран рече дека ТГВ возот – болница е прв превоз од овој тип во Европа.

Првите пациенти се префрлени во возот околу 8.30 часот утрово. Веќе од рано утро првите возила на итната помош пристигнаа на железничката станица во Стразбур, главниот град на регионот Алзас, посебно тешко погоден од епидемијата.

Дваесет пациенти во тешка состојба треба да се префрлат од Стразбур во болниците на западот во градовите Анже, Ле Ман, Нант и други. Распоредени се во пет вагони претворени во своевидни единици за интензивна нега, а во секој вагон се наоѓа медицински тим во кој се анестезиолот, интернист, болничар анестетичар и тројца болничари.

Вкупно 50 членови на медицински и логистички персонал учестуваат во оваа акција.

Другите операции за евакуација преку ербасовите на францусктие воздушни сили или со хеликоптери кон болниците во Франција или соседна Германија веќе се спроведени во таа тешко погодена француска област Гранд Ест каде 506 пациенти починаа од коронавирусот.

Исто така, во тој регион, во Милуз, една воена полска болница е поставена оваа недела покрај цивилната болница за да преземе околу 30 нејзини пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот