Брзи корона – тестови во Штип од среда

Брзите тестови за коронавирусот ќе пристигнат утре во Штип. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип вели дека тестирањето со овие тестови ќе биде задача на  здравствени работници од ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов”-Штип.

-Правиме план и се координираме со директорката на Здравствениот дом. Првично планираме тестирањето со брзите тестови да се прави на постојниот пункт за земање на брисеви. Тоа е влезот од паркингот на Здравствениот дом, вели Димитрова.

Тестовите ќе ги добијат утре, а тестирањето со брзите тестови почнува од среда. Димитрова вели дека вчерашната бројка од 51 новозаразени  со коронавирусот  говори дека повторно во штипскиот регион вирусот има замав.

-Имаме заразени цели семејства, колективи во фабрики, но и во институциите. Сметам дека добро е што ќе ги добиеме брзите тестови, бидејќи со нив побрзо ќе одговориме на потребите и големиот притисок од страна на граѓаните, кои чекаат за тестирање, вели Димитрова.

Екипите на Центарот за јавно здравје-Штип секојдневно земаат од 40 до 50 брисеви од граѓани од Штип и соседните општини. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот