БРЗА РЕАКЦИЈА: Граѓани на Хонгконг сами произведуваат маски за да се заштитат од коронавирусот

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Група лица од Хонгконг платиле 150.000 долари за увоз на машина за производство на маски од Индија и со неа е можно да се произведат до 100.00 маски на ден.

Жители на Хонгконг создадоа фабрика за производство на хируршки маски, кои недостигаат за заштита од епидемијата на новиот коронавирус.

Откако минатиот месец во Хонгконг беше регистриран првиот случај на новиот коронавирус, локалните жители почнаа во паника да купуват маски и влажни марамчиња.

Група лица од Хонгконг платиле 150.000 долари за увоз на машина за производство на маски од Индија и со неа е можно да се произведат до 100.00 маски на ден.

Еден човек од групата нагласува дека до април ќе имаат осум машини. Една таква маска чини 13 центи (еден хонгконшки долар). За споредба, во некои од продавниците цената е 10 хонконшки долари. Со акцијата тие сакаат да сопрат зголемување на цените во продавниците во Хонгконг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот