БРУТАЛНОТО ДВОЈНО УБИСТВО НА „РАЈСКИОТ ОСТРОВ“ КОНЕЧНО ДОБИ ЕПИЛОГ: Мигранти се осудени на смрт! Двајцата не покажаа никакви емоции!

фото: Профимедиа

Врховниот суд на Тајланд ја донесе својата конечна пресуда за убиството на британските туристи во септември 2014 година на островот Кох Тао.

фото: Профимедиа

Мигрантите од Мјанмар Ваи Фијо и Зав Лин се осудени на смртна казна за суровиот случај кој со години беше тема во светските медиуми и направија врвот на тајландската полиција да е под постојан притисок светската јавност дела се неспособни и корумпирани.

Двајцата работници на „рајскиот остров“ го признаа убиството на Дејвид Милер и Хана Витерџи, но подоцна во судот рекоа дека тоа го сториле под принуда. Со други зборови, тие тврдеа дека биле малтретирани од полицијата.

фото: Профимедиа

Исто така, нивните адвокати тврдеа дека со години сите докази биле менувани и контаминирани.

Прекрасното островче среде Тајландскиот Залив по ова брутално убиство го добило прекарот „остров на смртта“, па дури и по тој случај, доживеаја неколку шокантни смртни случаи и исчезнувања на туристи од Западот….

фото: Профимедиа

Тајландските медиуми објавија дека осудените убијци не покажале никаква емоција по пресудата и дека се уште имаат надеж дека ќе добијат прошка од кралот во наредните 60 дена.

Бруталното убиство на британските туристи се случи пред пет години и за многу кратко време веста од „рајскиот остров“ стана светска вест. Нивните тела беа пронајдени на плажа – Хана беше силувана и претепана до смрт, додека Дејвид беше убиен со повеќе удари во главата.

фото: Профимедиа

Убиствата во краток временски период и наштети на тајландската туристичка индустрија, која учествува со 10 проценти од БДП-то на земјата. Набргу по пронаоѓање жртвите, осомничените беа уапсени и веќе беа осудени на смрт во 2015 година. Тие, се разбира, ја обжалија одлуката и „пинг-понгот“ во судовите продолжи до ден-денес. Сега, од правна гледна точка, случајот заврши и обвинетите остануваат со надеж дека ќе ги помилува новиот тајландски крал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот