БРУТАЛНО УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ СРБИЈА: Љубоморно момче најмалку 15 пати ја прободе неговата поранешна девојка

Фото: Илустрација

Утринава повеќе српски медиуми пренесоа за брутално убисто во местото Коцељева, каде утринава извесен Душан П. (34) со повеќе убоди од нож ја усмртил неговата поранешна девојка Виолета Ј. (19). Се шпекулираше дека главен мотив за убиството е љубомора, а според неофицијални информации убиството се случило во домот на младата девојка.

Мажот е уапсен под сомненија дека најмалку 15 пати ја прободел неговата девојка, која утрово се вратила ноќна смена. Сега се појавуваат нови информации за убиството, а како што пишува српски „Курир“, еден ден пред настанот убиецот дивеел низ градот, додека неговиот татко, според неофицијални информации, пријавил во полиција дека неговиот син сака да ја прободе девојка му.

Според пишувањата на српските медиуми, на овој напад најверојатно му претходела расправија и прекинување на врската меѓу Душан и Виолета. Се верува дека, во петокот вечер тој прво со автомобил дивеел низ градот и попатно оштетил неколку возила. Полицијата го застанала и утврдено е дека во крвта има 0,53 промили алкохол во крвта. Според сведоците на настанот, тој не можел сам да стои на нозе, а многумина се посомневале и дека можеби е под дејство на дрога.

Следниот ден, во сабота, во полициската станица дошол неговиот татко кој пријавил дека Душан се заканува за напади со нож. Тој, според информациите од очевидците, набрзо се смирил и полицијата го напуштила местото.

Меѓутоа, во ноќта меѓу саботата и неделата, Душан влегол во домот на Виолета и се сокрил во нејзината соба. Виолета таа ноќ работела трета смена и кога се вратила дома во 7 часот наутро, Душан ја нападнал со нож.

Според неофицијални информации, Душан на Виолета и нанесол меѓу 15 и 20 убоди по телото.

Медиумите во Србија пишуваат дека таткото на Виолета и Душан веднаш ја ставиле повредената девојка во автомобил и се упатиле кон локалниот здравствен дом, меѓутоа девојката не успеала да преживее и починала на патот кон болницата.

Веднаш потоа Душан е уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот