БРУТАЛНО претепан новинар – Го тепал роднина на познат политичар

Фото: Газета Експресс/Фејсбук

Познатиот албански новинар и водител Висар Дрмаку бил брутално претепан пред неколку дена, а личноста која му ги нанела тешките повреди е блиска роднина на политичарот Бајрам Косуми.

Дрмаку, инаку сатиричар познат под псевдонимот Гани Гермиа, бил истепан од Ригзона Косуми, син на албанскиот дипломат Исе Косуми, кој е роднина на бившиот премиер на Косово, Бајрам Косуми.

Како што наведува Газета Експрес, на Дрмаку му била поставена стапица, во која тој паднал, па бил претепан.

Новинарот рекол дека не сакал да се дознае за тоа, но фотографијата на која се гледаат неговите повреди ја споделиле пријателите, на кои им ја пратил.

– Ме издадоа луѓето на кои им ја испратив сликата на Фејсбук – напишал Дрмаку.

– Личноста која ме тепаше се претстави како обожавател, а после ме следеше и физички ме нападна – рекол тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот