БРУТАЛНО ГИ ПРЕТЕПА ЖЕНАТА И ЌЕРКАТА: Милан Гуровиќ осуден на 10 месеци домашен затвор

Фото: РТС

Поранешниот српски кошаркар Милан Гуровиќ направи договор со Третото основно обвинителство со кој призна дека бил насилен кон сопругата и ќерката, и на основ на неговиот исказ е осуден на 10 месеци куќен затвор, објави „Блиц.рс“.

На основ на истата спогодба, на Гуровиќ му е изречена мерка за забрана на пристап до неговата сорпуга и ќерка во траење од шест месеци, која ја потврди судот.

Гуровиќ по два дена поминати во притвор пуштен е на слобода, а службениците од Министерството за правда треба да му стават специјална алка за електронски надзор во просториите во кои ќе ја служи казната.

Поранешниот кошаркарски репрезентативец е уапсен по налог на Третото основно обвинителство под сомненија дека во семејниот стан во наслебата Нови Београд во српската престолнина, во вторникот вечер брутално ја претепал сопругата Тања (43) и ќерката Милица (16).

Како што пренесуваат српските медиуми, брачниот пар првенствено вербално се судрил, а потоа дошло и до физичка пресметка, во која се вмешала и нивната ќерка.

Гуровиќ, кој е во брак со Тања повеќе од две децении и со која има четири деца, тврди дека бил нападнат и дека „сопругата сакала да му го намести“ овој инцидент, бидејќи тој сака да се разведе неколку години, а таа не прифаќа да го направи тоа.

Наводно, како што изјави, Тања која била бесна го нападнала, го плукнала и потоа го путнала. Веднаш потоа, тој ја фатил за главата и ја бутнал од себе. Според него, тоа сѐ се завршило. Тврди дека не ѝ нанел ниту еден удар на сопругата, ниту пак гребнатинката и промените на нејзиното лице – последици од неодамнешната интервенција со ботокс.

Тања Гуровиќ на сослушувањето во полицијата рече дека сопругот ја удиралл со тупаници по главата, дека паднала на земја, како и дека потоа Милан продолжил да ја тепа. Тогаш, исплашена за мајка си, реагирала нивната ќерка Милица, што дополнително го изнервирало поранешниот кошаркар, и детето, како што тврди мајката, „го извлекло подебелиот крај“ со што се здобило со удар во пределот на носот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот