Брутална тепачка помеѓу бразилски навивачи (ВИДЕО)

Навивачите на Сао Паоло и на Коринтијанс имаа брутална пресметка во метрото на најголемиот град во Бразил.

Ривалството помеѓу двата клуба е огромно, а тоа се однесува и за навивачите помеѓу кои владее неверојатно голема натрпеливост. Тоа се виде по заседата која им ја приредија хулиганите на Сао Паоло на своите ривали од Коринтијанс додека тие одеа на натпревар на својот тим.

Откако навивачите на Коринтијанс се симнаа на станицата од метрото, тие беа пречекани од хулиганите на Сао Паоло, по што следеше бркање по станицата, а навивачите кои не успеаја да избегаат, добија ќотек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот