БРУТАЛНА СМРТ: Гладни кучиња до смрт изгризале сопственичка во САД

Фото: Принтскрин/WLWT

Безживотно тело на жена е пронајдено во нејзината куќа во сојузната американска држава Охајо, а властите велат дека за нејзината смрт најверојатно е одговорно едно од двете големи кучиња кои ги чува. Станува збор за данска дога.

Мери Метјуз (49) била толку вознемирена од каснувањето што не сфатила колку ѝ е тешка повредата и затоа не побарала помош, објасни полицијата.

Телото на Мери го пронашле нејзиниот син и сопругот Дејл, кој токму тој ден е пуштен од затворот во областа Ворен.

Кога полицијата на пријавата за можно предозирање дошла на адресата на семејството Метјуз, ѕидовите биле целосно прекирени со крв и телото на жената на подот во бањата.

Телото било прекриено со убодни рани, а дел од ногата ѝ недостасувал. Жената не дишела и телото веќе ѝ било вкочането. Полицијата во еден дел од куќата пронашла две големи, слаби дански доги, а просторот бил толку полн со измет што тие воопшто не можеле да го видат кафезот.

Сопругот на Мери изјави дека едно од кучињата е „злобно“ и дека веќе неколку пати напаѓало и каснувало луѓе, вклучувајќи и него. Кучињата се преземени од страна на надлежните за да ги споредат траговите од каснувањата. Како што пренесуваат „NBC news“, кучињата ќе одат на евтаназија.

Дејл исто така рекол дека неговата жена во текот на денот редовно пиела лекови и пиво. Властите заклучиле дека жената веројатно ги исфрлила кучињата откако ја каснале. Убиена е истиот ден кога е пронајдено нејзиното тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот