Брутална пресметка на навивачи во Мароко, имало и истрели (ВИДЕО)

принтскрин

Големото дерби во мароканскиот фудбал помеѓу градските ривали Видад и Раџа Казабланка заврши со резултат 4:4 и голема пресметка помеѓу навивачите на двете екипи.


Пред три дена Видад и беше домаќин на Раџа Казабланка во реваншот од осминафиналето на мароканскиот куп. Првиот натпревар заврши 1:1, а на вториот домашниот тим до 73. минута имаше водство од 4:1, но на крајот натпреварот заврши без победник поради трите гола на гостите во финишот.
Веднаш по натпреварот, навивачите на двете екипи започнаа жестоки пресметки на улиците во Казабланка.


Се почна на стадионот, но бруталноста во пресметките беше поголема низ улиците на градот каде дуре се слушаа и истрели. Навивачите со рачни фрлачи кои беа полни со пиротехника се гаѓаа едни со други. Засега нема информации за евентуални жртви или потешко повредени од бруталните пресметки на двете навивачки групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот