Брутална порака на Обрадовиќ за играњето во репрезентацијата која треба добро да ја слушнеме

Еден од добрите примери е НБА ѕвездата, Словенецот Лука Дончиќ/Фото: EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Играњето за репрезентацијата е секогаш интересна тема, а тоа беше особено случај оваа сезона, по бројните откази што српските репрезентативци ги имаа на прво место, а на навивачите им беше најтешко по откажувањето на Никола Јокиќ.

Јокиќ, играчот на Денвер нагетс кој беше најкорисниот кошаркар за минатата сезона (МВП) во НБА лигата, одлучи да го прескокне ова репрезентативно лето поради замор и напорна сезона во најсилната лига во светот. Таквата одлука беше критикувана од многу фанови, кои посочија различни примери, како Лука Дончиќ, Словенецот кој исто така блеска во НБА лигата во редовите на Далас маверикс кој се качи во авионот веднаш по завршувањето на сезоната и се стави на располагање на својата национална селекција.

Многумина коментираат дека токму Јокиќ е виновникот што Србија не успеа да се квалификува на Олимписките игри во Токио.

Можеби и посилен пример се американските кошаркари, Девин Букер, Крис Мидлтон и Џру Холидеј, кои се качија на авион следниот ден по финалето на НБА лигата и се приклучија на националниот тим. Токму нив ги спомна и легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ, кој за време на разговорот за „БХбаскет“ зборуваше и на темата околу играњето за репрезентацијата.

– Факт е дека секој треба добро да размисли околу примерите, како што е добриот пример на овие тројца американски репрезентативци, кои играа во финалето на НБА лигата, двајца беа шампиони, третиот финалист. Ден откако ги завршија обврските со клубовите, се качија на авион и се приклучија на националниот тим и станаа шампиони.

Ден по крајот, тие се качија во авионот и се приклучија. Тука започнува и завршува секоја приказна за тоа – рече Обрадовиќ.

Репрезентативниот дрес треба да биде мотив за секој играч, во слична ситуација се најдоа и најдобрите македонски кошаркари предводени од Драган Бајиќ кои мораа да играат и успешно ги поминат мундијалските претквалификации без еден од своите најдобри репрезентативци Ненад Димитријевиќ кон кого беа упатени критики од нашата федерација.

Бајиќ: Димитријевиќ нека им објасни на Пандев и Лазаров зошто не игра за репрезентацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот