БРУТАЛНА ЛИКВИДАЦИЈА: Изрешетан автомобилот во кој беа убиени таткото и синот (ФОТО)

Автомобилот во кој загинаа таткото и синот целиот е изрешетан од куршуми. Телевизијата „Алсат“ објави фотографија од автомобилот на кој има повеќе куршуми и се гледа дека е пукано одблизу.  Најмалку дваесетина дупки од испуканите куршуми можеа да се видат на автомобилот и шофершајбната, како и траги од рафали испукани од двете страни на возилото.

Инаку, сокриени во темница, зад две дрвја, убијците ја чекале својата мета, 47-годишниот кумановец Елам Селахи на земјен пат во атарот на селото Слупчане. Околу 23 часот тој се појавил во автомобил со затемнети стакла. Во возилото бил и неговиот малолетен син. Ладнокрвно, со рафали, го изрешетале автомобилот и побегнале.

Жителите на Опае и Слупчане, вознемирани од истрелите ја повикале полицијата, која затекнала грозоморна глетка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот