Брутална казна во градинка-4 годишно девојче на Халкидики оставено без јакна на студ

Учителка во градинка на Халкидики исфрлила 4 годишно девојче во дворот за „казна“ затоа што била непослушна. Додека девојчето постојано врескало, другите деца во училницата биле преплашени. Некои подоцна им рекле на своите родители дека „ги покриле ушите со рацете“ затоа што не можеле да ги слушнат врисоците на нивната другарка од групата. Хорор сцена во Грција 2021 година.

Врескањето го слушнала мајка која исто така има дете во истата градинка.Таа ја снимила шокантна и нехумана сцена со својот мобилен телефон.

Инцидентот се случил минатиот вторник, 26 јануари.

Шокирана, мајката влегла во градинката и побарала објаснување. Наставничката тврди дека четиригодишното дете било непослушно, имало напад и било надвор од контрола, нападнало други деца.

Иако наставничката се извинила, родителите на другите деца во градинката  Агиос Миколаос на Халкидики не биле задоволни од начинот на кој инцидентот бил затворен, по што побарале објаснувања од образовните органи.

На крајот, видеото завршило на Интернет.

По овој инцидент, друга мајка се пожалила дека нејзиниот син се вратил дома со отпечаток од рака на вратот.

Министерството за образование наредило внатрешна истрага за инцидентот со девојчето, откако видеото беше објавено од телевизијата Ант 1 во ударните вести во петокот.

Во разговор со медиумите, воспитувачката која го „казни“ девојчето исфрлајќи ја на студ, опишала дека детето е надвор од контрола и  дека ја тргнала од вратата и продолжила да разговара со неа за да ја смири.  -Веднаш и се јавив на нејзината мајка, пренесува порталот Keep Talking Greece.

Таа признала – моето однесување сигурно беше екстремно, но морав да ги заштитам другите деца.

Таа додаде дека разговарала со родителите на девојчето за „следните чекори за подобрување на детето“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот