Брутален одговор на Рамос на шегата на Ајакс (ФОТО)

Холандскиот тим Ајакс денеска се потсети на една од најголемите победи во последниот период, но веднаш доби брутален одговор. Минатата година на 5. март во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, Ајакс на „Сантијаго Бернабеу“ бркаше негатива од 1:2. Младите фудбалери на холандскиот тим приредија вистинско изненадување и на крајот успеаја да слават со 1:4 и да обезбедат пласман во наредната рунда.

Реал Мадрид на тој натпревар беше ослабен со неиграњето на капитенот Сергио Рамос кој во тие моменти снимаше документарен филм за себе, а камерите го фатија како протестира по една судиска одлука со високо крената рака.

Ајакс одлучи да се пошегува со Рамос и на својот официјален профил на Твитер ја постави фотографијата на Рамос, но и на Душан Тадиќ кој на идентичен начин се радуваше на головите на неговите соиграчи.

Одговорот на капитенот на Реал Мадрид беше брутален за Ајакс, за само час и половина, Рамос постави фотографии со пехарите од Лигата на шампионите. Реал Мадрид во последната деценија освои четири титули во ЛШ и во сите нив играше Рамос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот