Брус Вилис се смири покрај 23 години помладата манкенека: Таква жена барав цел живот (ФОТО)
Познатиот глумец вели дека додека не ја запознаете вистинската, не сте ни свесни дека дотогаш не сте ни уживале во љубовта на вистинскиот начин.
„Десет години поминав сам и признавам дека на тој период не сакам да се сеќавам. Дури кога ја запознав Ема, повторно открив што значи да бидеш вистински среќен.“
Имал сè во животот, слава, успех, пари. Никогаш не се чувствувал осамено и верувал дека неговиот живот е сосема добар.
„Така беше додека не ја запознав Ема. Дури тогаш сфатив колку бев несреќен, но таа ми покажа и колку љубовта може да биде убава.“
Нивната љубов не беше љубов на прв поглед. Брус Вилис и Ема Хеминг, која е од него помлада 23 години, прво биле пријатели, а од пријателството се родила голема љубов.
По неколку години дружење сфатиле дека се створени еден за друг, дека делат исти погледи на светот, размислувања и интереси.
„Ема тој ден требаше да оди за Њујорк. Пред летот се најдовме на кафе и така започна нашата романса. Парадокс е дека кога размислувате за голема љубов, не ја поврзувате со некого кого долго го познавате. Верувате дека личноста која ви ја наменила судбината е таинствена мистерија која сè уште не сте ја запознале“, ја започна приказната Брус.
Во тој перод тој ја изгубил надежта дека ќе се скраси покрај една жена. По разделбата со Деми Мур, со која беше во брак 13 години и има три ќерки, ја изгубил вербата во љубов која трае цел живот.
Десет години живеел без постојана партнерка.
„Првите неколку години од разводот за мене беа тешки. Мислев дека вистинска љубов не постои и не верував дека е можно пак да сакам искрено. Толку се навикнав на идејата за живот како самец, што не помислував дека повторно ќе застанам пред матичар. Дури кога Ема влезе во мојот живот, тој почна да добива бои.“
Вели дека не ги сфаќа паровите кои бараат простор за себе или оние кои велат дека им е потребна пауза во врската.
„Не сфаќам како некој може да го помисли тоа. Сè што сакам е секој момент да го поминувам со Ема. Помислата дека сме разделени за мене е ужасна. Врската со неа е најпосебната што сум ја имал во животот. Ниту една моја бивша девојка не ѝ е ни до колена“.
Брус и Ема се венчаа во 2009 година и имаат две ќерки.