Брус Вилис се откажа од глумата поради болеста, но ќе се појавува во филмови со помош на „дигитален близнак“

брус вилис
Брус Вилис / Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Холивудската ѕвезда Брус Вилис сè уште може да се појавува во филмови откако минатата година ги продаде своите права за „дигитален близнак“ на американската фирма „Deepcake“, пред да му биде дијагностицирана афазија, која сега може да го користи неговото лице.

Инженерите на веб-платформата за оптимизација на содржината, со помош вештачка интелигенција, создадоа ултра реалистичен „дигитален близнак“ на актерот, поставувајќи фотографии од неговото лице на нивната мрежа, пишува „Daily Mail“.

брус вилис
Брус Вилис виден на утринска прошетка во Санта Моника, Калифорнија / Фото: London Entertainment / SplashNews.com / Profimedia

Сега на инженерите им се потребни само „три до пет дена“ за да го рекреираат Вилис во дизајните, но актерот ќе ја донесе конечната потврда за она што е направено.

„Ми се допадна прецизноста со која е создаден мојот лик. Тоа е мини-филм во мојот вообичаен жанр на акциона комедија“, рече ѕвездата во изјавата на нивната веб-страница. „За мене тоа е одлична можност да се вратам во времето. Со доаѓањето на модерната технологија, дури и кога бев на друг континент, можев да комуницирам, да работам и да учествувам во снимањето. Тоа е многу ново и интересно искуство и му благодарам на целиот наш тим“, додаде Брус.

брус вилис
Брус Вилис /Фото: EPA/HANNIBAL HANSCHKE

Продуцентите на „Војна на ѕвездите“ користат „deepfake“ технологија за сите нивни членови на актерската екипа, а и познатите личности како Арнолд Шварценеге, Џим Кери и Мишел Фајфер наводно имаат „дигитални близнаци“.

Брус има уште три акциони трилери што ги сними минатата година пред да се дијагностицира афазија и да се пензионира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот