Бруно Фернандеш откри каде ќе игра Роналдо следната сезона

Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш нема дилеми дека Кристијано Роналдо и наредната сезона ќе настапува со него во Манчестер јунајтед.

По завршување на изминатата сезона започнаа шпекулации околу иднината на Кристијано Роналдо, медиумите пишуваа дека Португалецот по само една сезона ќе си замине од Манчестер јунатед бидејќи екипата нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона.

Но, Бруно Фернандеш тврди дека Роналдо и во следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед.

– Статусот на Кристијано Роналдо? Неодамна зборував со него и очекувам да се видиме на 4 јули кога започнуваат подготовките на Јунајтед. Немам што друго да додадам, Кристијано останува – изјави Фернандеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот