Бруно Фернандеш му упати порака на Ристовски: Секогаш беше цар…
Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски, во последниот ден од преодниот рок го напушти Спортинг Лисабон и се пресели во хрватскиот шампион Динамо Загреб. Динамо за трансферот плати еден милион евра, а Ристовски во иднина ќе игра заедно со уште еден македонски репрезентативец Аријан Адеми.
Ристовски се одлучи за промена на средината бидејќи падна во немилост кај тренерот Рубен Аморин, а по официјализирање на трансферот, тој им се заблагодари на португалскиот тим и на целиот град. Неочекувано, порака, односно коментар доби од поранешниот соиграч, а сега ѕвезда на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.
„Жалам што твојата авантура завршува на ваков начин со клубот каде секогаш даваше се, каде секој пат ги почитуваше вредностите кои ги бара клуб како Спортинг – напорна работа, чесност и секогаш подготвен за другите. Секогаш беше цар и заслужуваш нова шанса за да ги демонстрираш твоите квалитети. Твоите успеси ќе бидат и мои“