Бруно Фернандеш добива нов „ѓаволски“ добар договор

фото: твитер

Најдобриот фудбалер на Манчестер јунајтед сезонава, Бруно Фернандеш наскоро ќе добие нов далеку подобар договор.

Англиските медиуми тврдат дека челниците на „црвените ѓаволи“ подготвија нов договор за португалскиот репрезентативец со кој ќе заработува по 200.000 фунти неделно, што е двојно повеќе од тоа што сега го заработува.

Со актуелниот договор Фернандеш е еден од најслабоплатените стандардни првотимци на Манчестер јунајтед и има идентична плата со резервниот голман Хендерсон.

Најдобар доказ дека Бруно Фернандеш заслужува нов договор зборуваат и бројките од оваа сезона. Португалецот на девет натпревари во Премиер лигата постигна седум гола и има три асистенции, а екипата нема победа без него на теренот. Во Лигата на шампионите на пет средби постигна три гола и една асистенција.

Бруно Фернандеш на почетокот од годината за сума од 55 милиони евра пристигна на „Олд трафорд“ од Спортинг Лисабон и оттогаш вкупно има 22 гола и 14 асистенции на 37. натпревари во сите конкуренции.
Челниците на екипата го сметаат Португалецот за клучен играч околу кого ќе го создаваат тимот кој треба да ја донесе титулата во Премиер лигата каде последен пат беа шампиони во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот