Бруно Фернандеш доаѓа во Манчестер јунајтед! (ФОТО)

фото: твитер

Преговорите меѓу двете екипи траат од почетокот на зимскиот преоден рок, но на „Олд Трафорд“ константно одбиваа да платат 80 милиони евра за Фернандеш.

Фудбалскиот клуб на Манчестер јунајтед испрати нова понуда и е блиску да го комплетира трансферот на играчот од средниот ред кој досега ги бранеше боите на Спортинг Лисабон.

Преговорите меѓу двете екипи траат од почетокот на зимскиот преоден рок, но на „Олд Трафорд“ константно одбиваа да платат 80 милиони евра за услугите на Бруно Фернандеш.

Но, денеска имаме нов „пресврт“, како што пренесува „Дејли Мејл“, во Јунајтед се сигурно дека е постигнат договор околу 25-годишниот фудбалер.

Според португалската „А Бола“, се очекува играчот в среда со својот агент да пристигне во Манчестер. Се очекува трансферот да изнесува 55 милиони евра, но со бонуси можат да достигне и до бараните 80 милиони.

Доколку биде потврден договорот, ќе биде тоа најголемиот трансфер во зимски преоден рок во Премиер лигата.

Фернандеш е главната цел оваа зима за менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

Во Спортинг дојде од Сампдорија во 2017 година за нешто повеќе од седум милиони фунти. Оттогаш има 64 голови на 137 мечеви во сите натпреварувања, а лани го освои и Купот на Португалија. Исто така беше прогласен за најдобар играч на португалското првенство во минатите две сезони.

За најдобрата португалска репрезентација одигра 19 мечеви и со која успеа да го освои првото издание на Лигата на нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот