Бруклин подготвува нови договори за Харден и Ирвинг

Кајри Ирвинг („Бруклин нетс“) имаше фантастична партија против Шарлот хорнетс/Њујорк, САД/ фото. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Екипата на Бруклин нетс планира да ги задржи трите големи НБА ѕвезди, Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг на подолг период. Управата на Бруклин веќе го продолжи договорот со Дурент, а се подготвува истото да го направи и со останатите две супер ѕвезди.

Дурент потпиша четиригодишен договор вреден 198 милиони долари, а слична сума ги очекува и Ирвинг и Харден.

 

– Мислам дека е добро што наскоро ќе имаме разговори очи во очи, а досега постојано сме имале добри разговори со двајцата играчи. Будејќи е лето, ние не вршиме притисок врз нив и им даваме време да се опуштат и да се одморат. Затоа едвај чекаме да се видиме во наредните недели – изјави Шон Маркс, генералниот менаџер на Бруклин нетс.

Бруклин нетс летово и на трансфер пазарот ги покажа шампионските амбиции бидејќи се засили со Пол Милсап кој дојде од Денвер како и со бекот на Сан Антонио Пети Милс, а договори потпишаа и ветераните Блејк Грифин и Ламаркус Олдриџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот